Сугарески: Експропријацијата на земјиштето- проблем за гасификацијата

14.11.2017 12:26

Гасификацијата за која со планираните капиталните инвестиции за следната година се одвоени 310 милиони денари повеќе од лани, е исклучително значаен проект за граѓаните...

Значителен дел од планираните 2,19 милијарди денари за гасификација во Предлог- буџетот за 2018, се наменети за бројни експропријации на земјиштето, кои се клучен проблем за проектот, вели министерот за транспорт и врски, Сугарески.

Сериозен проблем на кракот за поврзување од Неготино до Битола, во делот пред Прилеп, каде се регистрирани огромен број експропријации, а ист е случајот и кон Тетово. Добар дел од средствата што се предвидени за гасификацијата се однесуваат за  експропријацијата на земјиштето која треба да се направи со цел да се излезе побргу од таа работа и да може да се догради гасоводниот систем, изјави министерот Сугарески.

Вели дека гасификацијата за која со планираните капиталните инвестиции за следната година се одвоени 310 милиони денари повеќе од лани, е исклучително значаен проект за граѓаните и е дел од владината програма.