Заев- Пахор: Македонија и Словенија се пример за пријателски земји

14.11.2017 15:00

На денешната средба со премиерот Заев, словенечкиот претседател Борут Пахор нагласи дека искрено се надева дека многу бргу Република Македонија ќе биде следната членка на НАТО и дека со ЕУ наскоро ќе биде постигнат договор за старт на пристапните преговори, соопшти владината прес- служба.

Република Словенија останува силен поддржувач на Република Македонија и внимателно ја следи и ја одобрува добрососедската и регионалната политика на Република Македонија како еден од условите за членството во ЕУ и НАТО.

На денешната средба со премиерот Заев, словенечкиот претседател Борут Пахор нагласи дека искрено се надева дека многу бргу Република Македонија ќе биде следната членка на НАТО и дека со ЕУ наскоро ќе биде постигнат договор за старт на пристапните преговори, соопшти владината прес- служба.

Премиерот Заев му честитатеш на претседателот Пахор на победата на тукушто завршените избори и на неговиот нов мандат како Претседател на Република Словенија, и му пренесе честитки и во името на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Заев го информираше претседателот Пахор за реформските процеси, како и за прашањето на евро-атлантските процеси на нашата земја.

Настојуваме пред нашиот Парламент да настапиме со издржани и важни реформски закони во многу области за кои очекуваме и ќе стимулираме широка поддршка од политичките сили внатре во парламентот. Наша определба е и да ја зајакнеме улогата на парламентот после политичката криза и да ја вратиме довербата во институциите, нагласи премиерот Заев.

Премиерот Заев оствари средба и со Претседателот на Државниот збор, Милан Брглез, кој истакна дека неговата земја е секогаш подготвена на соработка и на проширување на односите и ја понуди целосната помош и поддршка во евро-атлантските аспирации на нашата земја, особено во процесот на парламентарната соработка на земјите од Југоисточна Европа.

Со двете средби, заврши дводневната официјална посета на владината делегација на Република Македонија предводена од премиерот Заев.