Тозија: Немаме никаков продукт од серијата „Македонија“, не се знае каде се парите

14.11.2017 15:24

Владата донесе одлука да ја прекине натамошната исплата и да се бараат назад доделените речиси 1,2 милиона евра.

Досега не сме добиле никаков снимен материјал од серијата „Македонија“ иако средствата се исплатени, а рокот е изминат- тврди првиот човек на Агенцијата за филм, Горјан Тозија. Владата донесе одлука да ја прекине натамошната исплата и да се бараат назад доделените речиси 1,2 милиона евра.

Агенцијата за филм нема добиено серија, нема добиено документи, ниту известувања каде се потрошени парите што се веќе уплатени за првата серија од серијалалот „Македонија“, односно 80 отсто од 68 милиони денари- изјави Тозија.

Договорот за серијата изнесува 4,6 милиони евра. Првата серија е финансирана со една уплата од 80 отсто, што не е вообичаено и не е стандардно за филмска индустрија и ТВ серии. По нашата преписка со продуцентот престаната е комуникацијата, нема никакви одговори од негова страна, и одлучено е Владата да донесе одлука да се раскине договорот и да се бара поврат на средствата, рече Тозија.

Рокот за испорака на првата сезона од 14 епизоди требало да биде 4 септември годинава, но се уште ништо не е испорачано. Тој истакна дека финансиската полиција и обвинителството веќе покренале истрага за случајот.