Авганистан: 67 загинати во судири меѓу Талибанците и полицијата

14.11.2017 15:34

Во полициското соопштение се додава дека во судирите загинале 45 Талибанци...

Авганистанската полиција соопшти дека во текот на минатата ноќ талибанските борци нападнале петнаесетина нејзини контролни пунктови во покраината Кандахар, при што биле убиени 22 полицајци.

Во полициското соопштение се додава дека во судирите загинале 45 Талибанци, а 35 биле повредени.