Собрание

Цврсти позиции за Предлог- законот за употреба на јазиците

14.11.2017 16:07

Нема помрднување од цврстите позиции за Предлог- законот за употреба на јазиците. Парламентарното мнозинство убедува дека Собранието треба да испрати порака дека ги гарантира првата на граѓаните беза разлика на кој етникум припаѓаат. За опозицијата, Законот останува противуставен, нема да биде применлив и ќе предзивика нездоволство. Ќе се гласа утре...

Во Собранието заврши првото читање за Предлог- законот за употреба на јазиците. Според пратениците од СДСМ, станува збор за остварување високи демократски и цивилизациски норми од Советот на Европа и од Обединетите нации во македонското општество со што ќе се зголеми довербата меѓу заедниците. Повикаа на фокусирана дебата и на рационални аргументи, за ова важно прашање за меѓуетничката кохезија.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека треба да се гради мултиетничко и граѓанско општество кое нема да се базира на проценти и бројки, туку за максимална заштита на употребата на јазиците. Според нив, во Законот треба да се отстранат одредбите кои се во спротивност со Уставот и со Охридскиот рамковен договор, а ќе се залагаат во амандмаската расправа да се обезбеди рамноправна употреба на сите малцински јазици во земјава.

За Предлог- законот за упореба на јазиците ќе следува амандманска расправа во матичните комисии.

 

Игор Панов