Подготвени документациите за изградба на четири регионални депонии

14.11.2017 16:16

Техничка и институционална подготовка за воспоставување интегриран систем за управување со отпадот на регионално ниво. Проект спроведен во четири општини со пари од Европската унија. Треба да профункционира и во практика...

Подготвени се планските документации за изградба на четирите регионални депонии. Изработени се изведбените дизајни за воспоставување интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Скопскиот, Вардарскиот, Пелагонискиот и Југозападниот плански регион. Општините заедно треба да ја почнат постапката за изградба и затворањето на сегашните нестандардни и на дивите депонии.

Во проектотсе вклучени 43 општини. Со речиси 3,6 милиони евра се финансирал од касата на европските фондови. Владата ќе го поддржи спроведувањето, општините се подготвени- посочи министерот Шапуриќ.

Милион и двесте илјади жители во Македонија годишно во просек произведуваат 330 илјади тони отпад. Државава сѐ уште нема интегриран систем согласно стандардите на Еверопската унија.

Ана Јосифоска- Тодоровска