Здравство

12 проценти од населението во Македонија има дијабетес

14.11.2017 16:22

12 проценти од населението во Македонија има дијабетес. Се зголемува бројот на пациенти. Здруженијата од надлежните бараат решение за недостигот од инсулин. Ќе се проверува и квалитетот...

Расте бројот на болни од дијабетес. Освен возрасни, погодени и најмалите. Секој месец има едно до две новозаболени деца- велат од Сојузот на здруженија на дијабетичари во Македонија. Бараат измени во законот кој прави проблем при набавка на инсулин. Надлежните ветија решавање на проблемите.

Мотото на Светскиот ден на дијабетесот е „Жените и дијабетесот - нашето право на здрава иднина“. Целта е да се подобри здравјето кај жените во репродуктивниот период. Проблемот со кој најчесто се соочуваат кога се бремени е дијабетесот.

Во земјава околу 190.000 луѓе имаат дијабетес од кои 40.000 се на инсулинска терапија, а преостанатите се на таблетарна терапија. Заболените, дијабетес тип 1 имаат 4.500 до 5.000 лица, а другите имаат дијабетес тип 2.

Наташа Јанчиќ