Пукотници во близина на пристаништето во Ница

14.11.2017 16:57

Полицијата го обиколила местото на нападот, но не успеала да го запре напаѓачот, кој истрелал неколку куршуми. Во нападот немало жртви ниту повредени.

Непознато лице отворило оган врз минувачите во близина на пристаништето во францускиот град Ница.

Полицијата го обиколила местото на нападот, но не успеала да го запре напаѓачот, кој истрелал неколку куршуми. Во нападот немало жртви ниту повредени.

Во јули 2016 година Ница беше цел на тежок терористички напад, во кој беа убиени 86 лица, а над 460 ранети.