Рекорден број на превезени патници на двата аеродроми во Македонија

16.11.2017 12:45

Само во октомври годинава од двата аеродрома, превезени се вкупно 184.393 патници. За разлика од 2016-та, има зголемување од 21,4 насто.

Двата аеродрома во државава бележат рекорден број на превезени патници. Заклучно со октомври од скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Свети Апостол Павле“, се превезле 1.731.098 патници, што е зголемување од 12, 8 насто, споредено со истиот период лани.

Само во октомври годинава од двата аеродрома, превезени се вкупно 184.393 патници. За разлика од 2016-та, има зголемување од 21,4 насто.

Најзастапени дестинации и натаму остануваат Истанбул, Цирих, Виена , Базел и Малме. Од транспорт и врски велат дека рекордниот број е резултат на спроведените владини политики.