Комедијата „Кец на десетка“ премиерно во МНТ

17.11.2017 10:42

Во претставата играат Александар Миќиќ, Тања Кочовска, Нина Деан и Ивица Димитријевиќ. Авторот Бојаџиски вели дека се работи за фамилијарна приказна од која се обидел да извади на површина се што е комично.

Вечер во Македонскиот Народен театар, премиера на комедијата „Кец на десетка“ на авторот Митко Бојаџиски. Во претставата играат Александар Миќиќ, Тања Кочовска, Нина Деан и Ивица Димитријевиќ.

Авторот Бојаџиски вели дека се работи за фамилијарна приказна од која се обидел да извади на површина се што е комично.

Сите актери се фантастични и со сигурност тврдам дека имаме хит, рече на прес-конференција по повод новата премиера в.д. директорот на МНТ Драган Спасов-Дац. Потенцира дека режијата е колективна бидејќи сите биле вклучени во неа, во создавањето на претставата и играта.

„Кец на десетка“ е претпоследна премиера на МНТ во оваа година. Во подготовка е мјузиклот „Мама миа“, за кој премиерата е закажана на 24-ти декември.