ГЕРМАНИЈА

„Сименс“ отпушта 6.900 работници

17.11.2017 12:25

Акциите на компанијата, која вработува 372.000 луѓе на глобално ниво, се намалија на берзите по најавата за откази.

Поради промените во секторот за енергетика, германскиот индустриски конгломерат „Сименс“ отпушта 6.900 работници. Акциите на компанијата, која вработува 372.000 луѓе на глобално ниво, се намалија на берзите по најавата за откази.

Пред две години беа отпуштени 7.800 луѓе поради реструктуирање на правецот на производството, а пред тоа беа укинати 10.000 работни места.