Тевдовски: Граѓаните мора да сфатат колку е важно да се плаќаат даноците

17.11.2017 12:57

Министерот за финансии Тевдовски напомена дека граѓаните мора да сфатат колку е важно да се плаќаат даноците, затоа што без тоа не можеме да ги развиваме столбовите на општеството, образованието, здравството, истакна министерот за финансии.

Посериозен пристап на инспекциските контроли, целосно воведување пополнета даночна пријава од страна на УЈП до јануари 2019-та година и подобар информатички систем за поефикасна наплата на даноците, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со вчерашните препораки на Светска банка, Тевдовски напомена дека граѓаните мора да сфатат колку е важно да се плаќаат даноците, затоа што без тоа не можеме да ги развиваме столбовите на општеството, образованието, здравството, истакна министерот за финансии.

Според него, факт е дека Македонија изминатите години имаше една од послабите наплати на даноците во споредба со останатите земји во регионот.

„Правиме сѐ тоа да го промениме. УЈП реализира голем проект со Холандија за надградба на софтвер, но ова е практично и политичка волја да притиснеме и даноците да се собираат како што треба“, изјави министерот Тевдовски.

Предвидените реформи и измените на актуелните законски решенија, дополни министерот, ќе овозможат подобри услуги за граѓаните, но и подигнување на свеста за собирање на даноците.

Тевдовски меѓу другото, информира дека со буџетот за 2018 година се предвидени 2,1 милијарда денари повеќе за нивно навремено исплаќање.