Македонска филхармонија

„Шубертова вечер“ со Марија Ѓошевска

20.11.2017 11:18

Ќе бидат изведени „Фантазија - импромпти“ од Фредерик Шопен, на која како гостин ќе учестува ученикот Матеј Коруноски кој е четврта година во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, како и Соната- фантазија, бр.18 и Шест музички моменти од Франц Шуберт.

Вечерва со почеток во 20 часот, во малата сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи рецитал на истакнатата пијанистка Марија Ѓошевска. Концертот е насловен „Шубертова вечер“, а ќе бидат изведени „Фантазија - импромпти“ од Фредерик Шопен, на која како гостин ќе учестува ученикот Матеј Коруноски кој е четврта година во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, како и Соната- фантазија, бр.18 и Шест музички моменти од Франц Шуберт.

Марија Ѓошевска е еден од најистакнатите пијанисти во Република Македонија. Секој нејзин нов настап ја потврдува констатацијата дека во нејзината личност македонската музичка сцена доби пијанист со врвни професионални перформанси, мунициозна виртуозност и изразита индивидуалност. Музичкото образование го започнува во основното музичко училиште „Владимир Арсовски“ во Неготино. Средното музичко училиште го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на проф. Снежана Анастасова-Чадиковска (1998), а дипломира (2002), магистрира (2004) и докторира (2009) на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот пијанист и педагог, проф. Борис Романов.