Полагање на испит за инспектор во третата испитна сесија за 2017 година

16.11.2017 17:20

Инспекцискиот совет ги известува кандидатите кои се пријавиле на Јавниот повик за пријавување на кандидати за полагање на испит за инспектор во третата испитна сесија за 2017 година, објавен на 25.10.2017 година, дека испитот ќе се одржи во просториите на Испитниот центар на Правен факултет „Јустинијан Први“- Универзитет „св. Кирил и Методиј“, бул. Гоце Делчев 9б 1000, во Скопје, во следниве термини:

• 01.12.2017 година  со почеток од 08.00 часот
• 01.12.2017 година  со почеток од 10.40 часот
• 01.12.2017 година  со почеток од 13.25 часот

Листите со имињата на кандидатите и предвидените термини можете да ги видите на веб страната на Инспекцискиот совет http://is.gov.mk