Заев: Договори со 19 странски инвеститори

20.11.2017 16:06

Откако заврши политичката криза во Македонија условите се многу подобрени. Имаме веќе одлична најава на странски ивеститори, со 19 веќе склучуваме договори или сме пред склучување договори. Тоа се огромни компании, најголем дел од нив од ЕУ, изјави премиерот Заев...

Деветнаесет странски инвеститори, најголем дел од нив од ЕУ, веќе имаат склучено договор со Владата или се пред склучување договор за влез во Република Македонија, најави премиерот Заев.

Македонија е со понизок стандард на живот и тоа треба да го искористиме за привлекување странски инвестиции. Во вакви околности може да направат продукт или да произведуваат по многу поконкурентна цена. Тоа не става во предност да привлекуваме колку што може повеќе инвеститори. Откако заврши политичката криза во Македонија условите се многу подобрени. Имаме веќе одлична најава на странски ивеститори, со 19 веќе склучуваме договори или сме пред склучување договори. Тоа се огромни компании, најголем дел од нив од ЕУ. Имаме зголемена инвестициска активност од домашните компании што навистина е една среќна околност кај нас, изјави премиерот, одговорајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан.

Тој додаде дека таквиот тренд ќе продолжи во зависност од создавањето севкупни услови за да се продолжи со инвестирање во Македонија, а за нас, рече, тоа значи зголемување на БДП и нови работни места.