Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“ за 2017-та

21.11.2017 11:14

Државната награда „Св. Климент Охридски“ претставува највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2017-та година во областа на воспитанието и образованието им се доделува на професорот и писател Венко Андоновски и на историчарот Наим Алими. Во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на музичарот Гарабет Тавитјан, писателот Јордан Плевнеш и филмологот Илинденка Петрушева, соопштија од Министерството за култура.

Државната награда „Свети Климент Охридски“ претставува највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Одлуката стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во Службен весник на Република Македонија.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8-ми декември во 13 часот во Собранието на Република Македонија.