Шпанци доминираат во тимот на столетието на УЕФА

21.11.2017 11:25

Во него има шест Шпанци и по еден Германец, Англичанец, Аргентинец, Португалец, Французин и , пет играчи од Барселона и од Реал Мадрид...

Европската фудбалска федерација на својата официјална веб страница неколку дена пред да биде прогласен идеалниот тим за 2017 година, го објваи совршениот тим на векот.

Во него има шест Шпанци и по еден Германец, Англичанец, Аргентинец, Португалец, Французин и , пет играчи од Барселона и од Реал Мадрид:

Голман:
Икер Касиљас (Реал, Порто, Шпанија) - 6 пати дел од идеален тим (2007, 2008, 2009, 2010, 2011 и 2012).

Одбрана:
Карлес Пујол (Барселона и Шпанија) - 6 пати (2002, 2005, 2006, 2008, 2009, 2010)
Филип Лам (Баерн Минхен и Германија) - 5 пати (2006, 2008, 2012, 2013, 2014)
Серхио Рамос (Реал и Шпанија) - 6 пати (2008, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016)
Жерар Пике (Барселона и Шпанија) - 5 пати (2010, 2011, 2012, 2015 и 2016 година)

Среден ред:
Чави Ернандез (Барселона и Шпанија): - 5 пати (2008, 2009, 2010, 2011 и 2012)
Андрес Иниеста (Барселона и Шпанија) - 6 пати (2009, 2010, 2011, 2012, 2015 и 2016)
Стивен Џерард (Ливерпул и Англија) - 3 пати (2005, 2006 и 2007)

Напаѓачи:
Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Португалија) - 11 пати (2004, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016)
Лионел Меси (Барселона и Аргентина) - 8 пати (2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2014, 2015 и 2016)
Тиери Анри (Арсенал и Франција) - 5 пати (2001, 2002, 2003, 2004, 2006).