16. триумф по ред на Бостон Селтикс

21.11.2017 11:28

Уште една маестрална партија прикажа Кајри Ирвинг кој натпреварот го заврши со 47 поени, шест асистенции и три скока.

Кошаркарите на Бостон Селтикс го запишаа 16. триумф по ред откако ноќеска се радуваа на гостувањето кај Далас Маверикс. Резултатот по основните 48 минути беше 96:96, а по продолжението Бостон победи со 110:102.

Уште една маестрална партија прикажа Кајри Ирвинг кој натпреварот го заврши со 47 поени, шест асистенции и три скока.

Во домашниот тим најефикасен беше Харисон Барнс со 31 поен.

Бостон има најдобар ефект во досегашниот дел од НБА лигата со 16 победи и два пораза, додека Далас е екипата со најлош скор – 15 порази и само три победи.