Загадувањето на воздухот штетно влијае и врз бубрезите

21.11.2017 11:31

Според овие наоди, хроничните бубрежни болести се значително зголемени во деловите на САД кои бележат поголемо загадување на воздухот.

Истражување спроведено од научници на Универзитетот на Мичиген укажува на поврзаност на изложеноста на загаден воздух со зголемата зачестеност на хронични бубрежни болести.

Според овие наоди, хроничните бубрежни болести се значително зголемени во деловите на САД кои бележат поголемо загадување на воздухот.

Останатите фактори на ризик, вклучувајќи поодмината возраст и зачестеноста на хипертензија и дијабетес, не можеле во целост да ги објаснат воочените варијации во врска со хроничните бубрежни болести.

Севкупно во истражувањето се користени податоци за 1,1 милион луѓе.

Научниците напоменуваат дека како ризични се покажале и концентрациите на загадувачот, кои се под пропишаните граници.