Анѓушев: Да се намали царината за увоз на литиум-јонски батерии за електрични возила

22.11.2017 12:00

Намалувањето на царината е на барање на полска компанија, која има намера во земјава да произведува електрични автобуси во земјава...

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев очекува за неколку недели Министерствата за економија и за финансии да ги усогласат ставовите околу намалувањето на царината за увоз на литиум- јонски батерии наменети за електрични возила и мерката да стапи на сила.

Потребно е министерствата да се усогласат дали мерката ќе важи само за извоз, односно дали важи само за производство што е наменето за извоз, изјави Анѓушев и додаде дека мерката е дизајнирана само за да го подобри македонскиот извоз и да се произведуваат електрични автомобили што ќе бидат наменети за извоз, изјави Анѓушев.

Намалувањето на царината, како што рече, е на барање на полска компанија, која има намера во земјава да произведува електрични автобуси и мопеди.