Пензии

Царовска: ММФ не бара нова старосна граница

23.11.2017 14:34

Последно решение за Фондот за пензиско осигурување е зголемување на старосната граница. Сега, монетарците се залагаат за стабилизирање на овој Фонд- изјави ресорната министерка. Ќе се изготви акционен план за да се утврдат законските измени...

ММФ и Светска банка не бараат укинување на бенефицираниот стаж и зголемување на старосната граница за пензионирање, истакна министерката за труд и социјала по извештајот на фондот за состојбата на економијата во земјава. Таа вели дека Владата сериозно работи на стабилизација на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување.

Формиран е владин Совет и е разгледана состојбата во ПИОМ. Царовска вели дека двајца експерти од Светска банка работат на детални анализи на пензиските друштва, МАПAС и на Фондот и набрзо очекува извештај од кој треба да произлезе акциски план за промени во регулативата.

Во меѓувреме надлежните работат и на имплементација на Стратегијата за Ромите 2014-2020 и Националните акциски планови за домување, вработување, здравство, образование и зајакнување на положбата на жената Ромка.

Според министерот Ибраимовски, реализирање на определбите од Стратегијата е и услов за влез на Македонија во Европската Унија.

 

Наташа Јанчиќ