Роденденски концерт на Македонската филхармонија

24.11.2017 10:38

На програмата се дела од македонскиот композитор Панде Шахов, виртуозниот концерт за виолина и оркестар од Карл Голдмарк и атрактивната симфониска поема „Американец во Париз“ од Џорџ Гершвин.

„Среќен ти роденден“ е насловен вечерашниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, со кој најстарата музичка институција во Македонија ќе одбележи 73 години од постоењето.

На програмата се дела од македонскиот композитор Панде Шахов, виртуозниот концерт за виолина и оркестар од Карл Голдмарк и атрактивната симфониска поема „Американец во Париз“ од Џорџ Гершвин.

На концертот ќе му претходи кус ретроспективен осврт на историјатот на Македонската филхармонија, а ќе биде најавена и скорешната изложба на фотографии наречена „Маестро“, посветена на најзначајните диригенти на филхармонијата.