Горива

Бензините поевтинуваат, дизелот со истата цена

27.11.2017 13:04

Цената на бензинот од 95 октани се намалува за еден, 98 октанскиот бензин поевтинува за 1,5 денари.

Нафтените деривати поевтинуваат од полноќ за 1,2 насто во просек – најави Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензинот од 95 октани се намалува за еден, 98 октанскиот бензин поевтинува за 1,5 денари.

Цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети. Поевтинува мазутот.

Комисијата наведува дека суровата нафта на светските берзи во изминативе две недели се продавала по пониска цена, а курсот на денарот бил понизок во однос на доларот.