Се верија принцот Хари и Меган, свадбата на пролет

27.11.2017 13:40

Во соопштението се наведува дека Хари и Меган се вериле на почетокот на месецот и дека 36-годишната Маркл ја запознала кралицата Елизабета Втора и дека Хари добил одобрување од нејзините родители.

Кралска палата на Велика Британија денеска соопшти дека се вериле принцот Хари (33) и холивудската актерка Меган Маркл (36),  а свадбата ќе биде на пролет следната година.

Веста беше соопштена од кабинетот на таткото на  Хари, принцот Чарлс.

Во соопштението се наведува дека Хари и Меган се вериле на почетокот на месецот и дека 36-годишната Маркл ја запознала кралицата Елизабета Втора и дека Хари добил одобрување од нејзините родители.

Принцот Хари (33) е петти во линијата на наследство на британскиот престол, по неговиот татко, принцот Чарлс, брат му, принцот Вилијам, внукот од брат му принц Џорџ и британската принцеза Шарлот.