Социјала

Компаниите да им овозможат на вработените усогласување на работните со семејните задачи

27.11.2017 15:24

Жената која е вработена и се грижи за семејството да добие поддршка и помош од работодавачот и државата за успешно извршување на обврските. За ова се неопходни пари и поддршка од Европската унија за фирмите да работат на подобрување на родовата еднаквост.

Отворање детски градинки во компании во кои работат жени, флексибилно работно време за да можат мајките секој слободен момент да го поминуваат со своите деца, поголеми капацитети на домовите за стари лица каде што ќе бидат згрижени повозрасните членови од семејството-  ова се дел мерките кои треба да се исполнат за родова еднаквост во Македонија.

Статистиката покажува дека 50% од жените се невработени, бидејќи е тешко да се направи баланс меѓу семејниот живот и работните задачи.

Од Конфедерацијата на работодавачи велат дека што повеќе компании го носат епитетот „пријатели на семејството“, толку поголем бенефит ќе имаат економијата и општеството, бидејќи ќе се спречи одливот на квалитетен кадар.

Бошков вели дека во Хрватска, 250 компании се означени како пријателски насочени кон семејството. Во Македонија оваа заложба е на почеток. Засега ваков систем имаат воведено компании од телекомуникацискиот сектор, финасиските, трговијата.

Наташа Јанчиќ