Странските инвеститори користат малку услуги од домашните фирми

27.11.2017 15:51

Странските инвеститори користат малку услуги од домашните фирми- покажуваат анализите на Советот во стопанската комора на Македонија. Ќе се прави стратегија за потребите на странците и што можат домашните фирми да понудат за да станат нивни добавувачи. Ова треба да резултира со зголемен извоз и нови вработувања...

Во мал обем странските инвеститори ги користат домашните услуги и производи. На заедничка маса ќе се анализираат потребите и потенцијалите, ќе се прави стратегија на подолг рок, што им е потребно, под кои стандарди и спецификации треба да произведуваат за да се зголеми учеството на нашите фирми во набавките- посочуваат од Советот на странски инвеститори.

„Позитивната страна за странските инвститори е тоа што услугите и производите ќе може да ги набавуваат од непосредна близина, под потребни стандарди и услови и ќе ги избегнат царинските и други процедури за одложено доаѓање стока или нејзино чување во големи количини. Домашните потенцијални инвеститори пак ќе ги постигнат стандардите на процесот на производство или сервисирање услуги кои се потребни за да може да бидат специфицирани за да ги доставуваат стоките и услугите на европскиот пазар“, вели Ирена Јакимовска, Совет на странски инвеститори.

Владата треба да ги субвенционира иновативните идеи, банкарскиот сектор да биде пофлексибилен за надграба и финансиско дополнување на потенцијалите, човечкиот фактор постојано да ги усовршува знаењата- три фактори што Советот ги посочува како клучни, домашниот пазар да ги опслужи странските инвеститори.

Минатата година е зголемено учеството на нашите стоки и услуги вкалкулирани во извозниот процес од Технолошките зони од каде што на странските пазари завршуваат 40 насто.

Сузана Фиданска Стоевска