Вработените во „Фени“ до среда ќе чекаат плата

28.11.2017 12:33

Во меѓувреме, заинтересираните инвеститори ги продолжуваат посетите на комбинатот и ја скенираат состојбата во „Фени“. За комбинатот се заинтересирани четири компании од Швајцарија, Франција, Британија и од Бугарија.

Работниците во „Фени“ го продолжија рокот за исплата на октомвриската плата до среда. Печката останува вклучена. Бугарската фирма „Енекод“ најави нова понуда до банките за преземање на „Фени“. Доколку се договорат, ќе се прекине стечајната постапка.

Во меѓувреме, заинтересираните инвеститори ги продолжуваат посетите на комбинатот и ја скенираат состојбата во „Фени“. За комбинатот се заинтересирани четири компании од Швајцарија, Франција, Британија и од Бугарија.

За утре е најавено рочиште во Основниот суд во Велес, на кое ќе се раправа за барањето на банките за поведување стечај.