Мал број жени на високи раководни функции

28.11.2017 13:14

Жените сѐ уште помалку заработуваат од мажите. Иако во светски рамки, 26 проценти од жените се со високо образование, на раководните функции има повеќе мажи. Државата вложува во образованието на жените, но тоа подоцна не се искористува за економски развој, велат од Здружението на жени претприемачи...

Сѐ уште е трнлив патот кон успехот на жената претприемач, вели бизнисменката Катерина Маневска. Упорноста и храброста се клучни, но поддршката е важна. Државата вложува во образование на жените, но тоа подоцна не се искористува за побрз економски развој.

Според  министерката без ресор за бизнис регулатива,  Зорица Апостоловска, потребни се не само промена на културното милје, туку и поддршка преку вклучување на институциите.

Според експертот Дешковиќ, женскиот потенцијал во земјите од регионот не е доволно препознаен и искористен.

Според статистиката, од вкупниот број вработени во земјава, 35 проценти се жени, а 56  мажи. Во Европа, во просек 55 проценти вработени се жени.

 

Дијана Ценевска