Во државната каса инкасирани повеќе пари од даноци

28.11.2017 15:09

За четири ипол пати повеќе пари се инкасирани од даноци во изминатите месеци. Министерот Тевдовски очекува трендот да продолжи, вели ова е добар показател дека правилно се проектирани приходите во буџетот за следната година...

Зголемена е наплатата на даноци. Во државната каса изминатите 10-ина месеци се инкасирани 4,7 насто повеќе пари од даночните обврзници- тврдат од Министерството за финансии. Се подобрува економската активност на фирмите, забрзан е и повратот на ДДВ- оценува министерот Тевдовски.

„Од јанаури досега наплатата на даноците е некаде 4,7 проценти повисока од истиот период минатата година, што се должи, пред сѐ, на последните неколку месеци. Тоа е добро, бидејќи имаме сериозно зголемување на наплатата и од аспект на Министерство за финансии, бидејќи доаѓа до забрзување и подобрување на наплатата во последните месеци. Тоа значи дека се случува подобрување на економската активност“, вели министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Зголемувањето на даночната наплата, според Тевдовски е показател дека проекците околу приходите во предлог буџетот се реални, во линија со годинашниот раст. За в година предвидено е за 4,2 проценти зголемување на приходите во буџетската каса, пониско од номиналниот раст од пет насто.

Со став дека проекцијатаза македонската економија е идентична со онаа на ММФ и Светска банка, Тевдовски вели- проекцијата е апсолутно кредибилна и одговара на очекувањата, покажува дека во 2018-та работите ќе се движат во позитивна насока.

Се работи и на реформите во персоналниот данок за земјодлеците. Според финансии, данокот за нив ќе го пријавуваат или плакаат откупувачите, а се креира решение за дел од нив да се обезбеди поврат на персоналецот.

Сузана Фиданска Стоевска