Богата програма на јубилејното издание на „Таксират“

29.11.2017 14:19

Со повеќе од триесетина музичари и групи, од 30-ти ноември до 2-ри декември ќе се одржи јубилејното 20-то издание на фестивалот „Таксират“.

Повеќе од 30 музички артисти на дваесетото јубилејно издание на „Таксират“. Концертите и настапите во Младинскиот културен центар кои се дел од ПИН-фестивалот ќе бидат бесплатни за посетителите.

Отворањето на 30-ти ноември со австралиско- американскиот бенд „Лајрс“, експерименталниот андерграунд арт- рок состав кој британскиот „Гардиан“ го нарекува и „господар на ексцентричната електроника“. Првата вечер продолжува со македонскиот бенд „Ппалиндром“.

Организаторите велат- ова е единствен европски музички собир што Скопје го претставува на меѓународната сцена.

Покрај настапите на гости од Австрија, Турција, Србија, Хрватска и од Словенија, на „Таксират“ се приклучуваат и повеќе македонски бендови, како „Фолтин“, „Поган Паган“, „Културно Уметнички Работници“, „Баклава“, „Контакт 59“.

 

Александра Спировска