Раст на индустриското производство за 1,3 отсто

29.11.2017 14:07

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2017 година во однос на октомври 2016 година бележи опаѓање од 10,6 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,1 процент, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 6,5 отсто.

Индустриското производство во октомври 2017 година бележи раст за 1,3 отсто во однос на истиот месец лани, а во периодот јануари - октомври 2017 година во однос на јануари - октомври 2016 година, зголемување од 0,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2017 година во однос на октомври 2016 година бележи опаѓање од 10,6 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,1 процент, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 6,5 отсто.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред се, на зголеменото производство во одделите Тутунски производи, Основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производи од гума и производи од пластични маси, Други неметални минерални производи, Фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Електрична опрема, Машини и уреди, неспоменати на друго место и Моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2017 година во однос на октомври 2016 година, бележи пораст кај Енергија за четири отсто и Капитални производи за 15,4 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,8, Трајни производи за широка потрошувачка за 9,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 процент.