Продолжението на расправата за буџетот одложено за утре

30.11.2017 13:08

Седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која се расправа по предлог- буџетот за 2018 година почна во понеделникот. Во вторникот беше најавено продолжение, но по информациите за приведување за настанаите од 27-ми април во Собранието, беше откажано.

Продолжението на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, закажано за денеска се откажа. Ново продолжение е најавено за утре во 11 часот.

Седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која се расправа по предлог- буџетот за 2018 година почна во понеделникот. Во вторникот беше најавено продолжение, но по информациите за приведување за настанаите од 27-ми април во Собранието, беше откажано.

Општиот претрес по предлогот- буџетот за 2018-та, на кој досега се поднесени 279 амандмани, според деловникот трае 10 работни дена.