Доделени првите решенија за обештетување на стечајците

01.12.2017 12:40

Досега позитивно се решени 1.029 барања. Стечајните работници ќе добиваат по околу 7.500 денари месечно...

Доделени се првите решенија за надомест на стечајците. Законот за материјално обезбедување на стечајците беше усвоен на владина седница на крајот на јули годинава, а усвоен од македонското Собрание во септември годинава.  Досега позитивно се решени 1.029 барања. Стечајните работници ќе добиваат по околу 7.500 денари месечно. Исплатата на средствата ќе почне овој месец, но ќе важи ретроактивно од моментот кога го поднеле барањето.

Оваа бројка ќе се зголемува во иднина бидејќи барања за обештетување можат да се поднесуваат до септември 2018-та година. Како доаѓаат така тековно се решаваат. Исто така, листата на фирми не е затворена, бидејќи како пристигнуваат барања, така се проверуваат фирмите и се донесувааат решенијата, рече министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Додаде дека доколку во наредниот период се воочат бариери за одредена група стечајни работници кои спаѓаат во оваа категорија, а нема можат да бидат опфатени со законот, ќе се интервенира амандмански со измени или ќе се направи целосно нов закон.

Со законот се опфаќаат невработени лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата после 1-ви јануари 1995-та година, заклучно со 31-ви декември 2016-та година. Стечајците ќе добиваат по 7.596 денари месечно.