Заев: Притвор само доколку е неопходно

04.12.2017 10:31

Коментирајќи ги последните настани поврзани со собраниските случувања од 27-ми април, премиерот се согласува дека мерката притвор не значи дека однапред некој треба да се прогласи за виновен. Презумцијата на невиност мора да се почитува.

Владата е целосно посветена на спроведувањето на реформите, вели премиерот Заев. Побара конструктивност и од опозицијата. Коментирајќи ги последните настани поврзани со собраниските случувања од 27-ми април, се согласува дека мерката притвор не значи дека однапред некој треба да се прогласи за виновен. Презумцијата на невиност мора да се почитува.

Опозицијата да биде конструктивен и критичен фактор во процесот на реформите за унапредување на законодавството во Македонија и сето она што е важно за граѓаните, порача премиерот Заев. Се надевам дека ќе овозможиме правосудните органи да носат транспарентни и независни процеси, рече Заев.

Додаде дека не треба никој да биде осуден ако не постојат докази дека направил кривично дело и апелираше да се почитува презумцијата на невиност.

Треба казна во правосудството за секој што згрешил пред законот и апелирам да се почитува презумцијата на невиност. Притворот се претвори во казна во Република Македонија во последните 10-12 години. Не би сакал тоа да се случува во државата. Навистина да се дава само тогаш, кога е тоа неопходно, а секогаш да се користат поолеснителните мерки во она што значи процес на истрага во судските процеси, изјави Заев.