Коѕијас: Мора да се најде чесен компромис

04.12.2017 10:43

„Нашите соседи веруваа дека можат да продолжат со приклучувањето кон овие организации без договор со нас, нешто што е невозможно, додека некои од нас, пак, веруваа дека инертноста во надворешната политика е наше оружје“- вели Коѕијас.

Мора да се најде компромис за прашањето за името, за да се отвори патот на Македонија кон ЕУ и другите организации во кои сака да се приклучи, вели грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас во интервју за весникот „Етнос“.

„Нашите соседи веруваа дека можат да продолжат со приклучувањето кон овие организации без договор со нас, нешто што е невозможно, додека некои од нас, пак, веруваа дека инертноста во надворешната политика е наше оружје“- вели Коѕијас.

Нагласува дека и Атина и Скопје, сега сфатиле дека треба да работат врз основа на консензус и компромис.

„На сите наши соговорници сега им е јасно дека мора да се најде чесен компромис за прашањето за името со нашиот северен сосед“, изјавил Коѕијас во интервју за „Етнос“.