Османи- Миксер

Поддршка од Естонија за евроинтеграциите

04.12.2017 12:28

Македонија гледа оптимистички на претседавањето со Советот на Европската унија од страна на Естонија до крајот на годината...

Република Македонија гледа оптимистички на претседавањето со Советот на Европската унија од страна на Република Естонија до крајот на годината, период во кој нашата држава е посветена на реформите и отстранувањето на сите пречки кои и го отежнуваат приближувањето кон Унијата.

Ова го истакнал вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со шефот на естонската дипломатија Свен Миксер, во рамките на работната посета на Република Естонија, на која станало збор за приоритетите на естонското претседателство со Советот на ЕУ, за политиката на проширување, како и евроинтегративниот процес на Република Македонија.

Наша цел е, додека трае претседавањето на Естонија, да ги добиеме првите сигнали од страна на Унијата кои ќе бидат во насока на видливоста на европската перспектива на Република Македонија, изјавил вицепремиерот Османи.