Градежниците оптимисти, Сугарески вети високо ниво на реализација на капиталните инвестиции

04.12.2017 14:55

26 милиони евра е тежок буџетот на Министерството за транспорт и врски. Ќе се троши за гасификација, железничка инфраструктура, изградба на социјални станови, жичницата до средно Водно. Стратегиски проект е изградбата на магистралните гасоводи. Градежниците алармираат дека најголем дел од проблемите во овој сектор се резулатат на најниската цена што е најважен критериум при јавните набавки...

Речиси 80 насто од проблемите во градежнуштвото и недоволниот квалитет на градбите е резултат на критериумот најниска цена во јавните набавки и електронското спроведување на наддавањето- тврдат градежниците. Кризата удри по нивниот бизнис, од одложените решенија за проектите интензитеот на градба се намалува, трпи реализацијата- оценуваат од Стопанската комора.

Очекуваат, со зголемениот фонд средства за капитални инвестиции во буџетската каса, в година да ги вратат старите текови, да бидат двигател на растот на економијата.

Развојната компонента на предлог буџетот и проектираните пари за капитални проекти треба да обезбедат високо ниво на реализација и зголемување на учеството на градежниот сектор во бруто домашниот производ- оценува министерот Сугарески. За милијарда ипол е потешко купчето пари за капитални инвестиции. Проектирани се расходи вредни пет милијради 105 милиони денари.

Во патната инфраструктура продолжува изградбата на автопатиштата. Планирано е во март следната година да биде пуштен автопатот Демир Капија- Смоквица, до крајот на септември да биде изграден автопатот Миладиновци- Штип, и дополнително да се направи анекс на договор за изградба на автопатот Кичево- Охрид за што се во завршна фаза преговорите“, вели министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Крајот на 2018-та се очекува да почне и изградбата на автопатот Скопје- Блаце, и реконструкцијата на 26 патни правци низ државата. За клуечн проект, Сугарески ја посочи гасификацијата.

Ќе се турка со над две милијарди и 230 милиони евра, за 311 милиони повеќе од лани. Најголем дел од колачот ќе изземе експропријацијата на земјитешто. За изградба на нови пруги на Коридорите 8 и 20, проектирани се милијарда 375 милиони денари. Со 415 милиони денари ќе се прокирваат и загубите во МЖ Транспорт.

Пари има и за комуналии во општините. Преку заем од Европската инвестициска банка се обезбедени проближно 700 милиони. Ќе се градат и социјални станови, ќе се работи и на инфраструктурата во зоната Визбегово- рече Сугарески. Буџетската каса на Министерството за транспорт в година ќе тежи 26 милиони евра.

 

Сузана Фиданска- Стоевска