Судот го примил известувањето од Собранието за имунитетот на пратениците

04.12.2017 15:12

Известувањето, како што велат од Судот, е доставено до надлежните судии на претходна постапка, со што се создадени услови да се постапува во предлогот на обвинителството.

Во Кривичниот суд стигна известувањето од Собранието за симнувањето на имунитетот на пратениците кои се осомничени дека учествувале во настаните од 27-ми април. Известувањето, како што велат од Судот, е доставено до надлежните судии на претходна постапка, со што се создадени услови да се постапува во предлогот на обвинителството.

Судиите на претходна постапка кои постапуваат по предлогот ги известуваат странките во конкретната постапка кога ќе бидат повикани да се произнесат во однос на предлогот, а по донесено решение од страна на судиите, јавноста ќе биде навремено известена, велат од Судот, но не потврдуваат дали пратениците ќе бидат повикани на сослушување во текот на утрешниот ден.