Реформи во образованието

Квалитетно образование, резултати и подобра иднина

04.12.2017 15:30

Знаењето е клучот за животните порти и ова искуство на светот е движечка мотивација на државите да вложуваат во усовршување на своите образовни политики, беше истакнато на Конференција за квалитетно образование, за раст, резултати и подобра иднина, во организација на УНИЦЕФ. Премиерот Заев рече дека новата влада е определена кон одржливи решенија во образовниот систем, во кој што досега многу се експериментираше, а најголема штета од тоа претрпеа децата, учениците, студентите, носителите на иднината на државата.

За реформите во прво, второ и трето одделение наскоро ќе има јавна дебата, најавија надлжените. Во Министерството за образование предмет на разгледувањее и оценувањето на децата од рана возраст, како и воведување повеќе спорт во училиштата, иновации во наставата.

Ресорното министерство ги ревидира наставните планови и програми и  учебниците, како и Законите што се однесуваат на образованието. Намалување на бројот на предмети  за учениците, за да можат да ги стекнуваат знаењата главно во училиштата, се дел од реформите. Во високото образование се размислува за пократки, тригодишни студиски програми. Целта на Конференцијата „Квалитетно образование за раст, резултати и подобра иднина“, е отворање јавна дебата за тоа како најдобро да се забрза реформата во образованиот систем.

На тридневната конференцијата присуствуваат околу 500 учесници кои ќе имаат можност да слушнат меѓународни образовни експерти, поборници за квалитет, рамноправност и ефикаснот на образовните системи.

Наташа Јанчиќ