Метео: Променливо облачно и постудено време

04.12.2017 16:26

Во планинските региони ќе има повремено зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и постудено време со сончеви периоди и со умерен повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови.

Во планинските региони ќе има повремено зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег. Утринските температури во поголем дел од земјата ќе бидат негативни, а највисоката дневна се очекува да достигне до 8 степени.

Глеадјте МЕТЕО со Наташа Алексоска