Шилегов: „Скопје 2014“ опасен за граѓаните

04.12.2017 17:00

Според градскиот татко, се покажало дека проектот„Скопје 2014“ бил опасен за граѓаните. Состојбата на подрумите на објектите околу реката Вардар, како што рече, јасно покажува дека залудно се потрошени милионските суми за изградба на овие објекти.

Се расчистува насобраниот отпад по поројните дождови што го зафатија Скопје, а Вардар се излеа во некои делови од сопственото корито во главниот град, изјави градоначалникот Петре Шилегов. Според градскиот татко, се покажало дека проектот„Скопје 2014“ бил опасен за граѓаните.

Состојбата на подрумите на објектите околу реката Вардар, како што рече, јасно покажува дека залудно се потрошени милионските суми за изградба на овие објекти. Галиите, насипите и градежниот шут во коритото на реката Вардар ја намалуваат проточноста на водата и со тоа серизно ја загрозуваат заштитата од поплави на Град Скопје, нагласи Шилегов.

Насобраниот отпад, во и околу коритото на реката Вардар, уште денеска Град Скопје почнува да го расчистува. За нас безбедноста на граѓаните и заштитата на објектите околу реката Вардар се наш приоритет, истакна денеска скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.