Апелација треба да одлучи дали „бомбите“ ќе бидат доказ за „Титаник“

05.12.2017 10:30

На вчерашната јавна седница, обвинетите побараа да се отфрли обвинението и таканаречените „бомби“ да не бидат доказ во постапката за изборни нерегуларности. СЈО, пак, и натаму останува на жалбата дека прислушуваните разговори не се незаконски прибавени и тие можат да бидат доказен материјал.

Скопска Апелација треба да одлучи по барањето на Специјалното јавно обвинителство над илјада прислушувани разговори да бидат докази во постапката за случајот „Титаник“.

На вчерашната јавна седница, обвинетите побараа да се отфрли обвинението и таканаречените „бомби“ да не бидат доказ во постапката за изборни нерегуларности. СЈО, пак, и натаму останува на жалбата дека прислушуваните разговори не се незаконски прибавени и тие можат да бидат доказен материјал.

Во „Титаник“, за изборни нерегуларности се обвинети 20 лица, меѓу кои и експремиерот Груевски и поранешните министри Јанкулоска и Јанакиески.