Реакција

ДИК: Членовите и вработените имаат право на надоместоци

05.12.2017 10:32

Посочуваат дека и покрај тоа право, решиле денеска на јавна седница да расправаат за предлог-одлуката за отповикување на донесените решенија за определување надоместок за членовите и за вработените во стручната служба за спроведените избори.

Членовите на Државната изборна комисија и вработените имаат право на надоместоци, реагираат од највисокото изборно тело, за изнесениот став на амбасадорот на САД, Џес Бејли дека во комисијата се поделиле бонуси за изборите.

Посочуваат дека и покрај тоа право, решиле денеска на јавна седница да расправаат за предлог-одлуката за отповикување на донесените решенија за определување надоместок за членовите и за вработените во стручната служба за спроведените избори.

Додаваат дека Државната изборна комисија од распишување до завршување на изборите е во постојано заседание, континуирано, без оглед на неработните денови и празниците и работниот ден најчесто трае повеќе од 20 часа.

Американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, вчера изјави дека членовите на Државната изборна комисија си поделиле бонус од по четири просечни плати за локалните избори. Иако е тоа можеби легално, смета дека одлуката треба да биде транспарентна.