Комисија за финансирање и буџет

Продолжува дебатата за државната каса за 2018-та

05.12.2017 10:37

Претседател на Комисијата е од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Спикерот Џафери го определи Васко Ковачевски за претседавач со Комисијата, доколу повторно не се одржи седницата.

За денеска е закажано новото продолжение на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Треба да се расправа по предлог- државната каса за 2018-та година. Седницата почна во минатиот понеделник, но оттогаш иако беа закажани неколку продолженија, не се одржа ниту едно. Немаше конретни образложенија за тоа, освен еднаш дека е поради техники причини.

Претседател на Комисијата е од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Спикерот Џафери го определи Васко Ковачевски за претседавач со Комисијата, доколу повторно не се одржи седницата.

Според деловникот, расправата за буџетот во комисијата трае 10 работни дена. Поднесени се 279 амандмани, а по завршувањето на расправата во комисијата, Предлог- буџетот оди на пленарна седница каде што се расправа пет работни дена.