Владата ќе расправа за користењето на ЕУ фондовите

05.12.2017 11:14

На дневен ред се и информациите за изградба на заедничка железничка станица на Македонија и Србија во Табановце, и за реализација на договорите за концесија за користење на вода за изградба на мали хидроцентрали.

Владата на седница ќе расправа за користењето и имплементацијата на фондовите од Европската унија, како и за статусот на реализација на приоритетите на Република Македонија за влез во НАТО.

На дневен ред се и информациите за изградба на заедничка железничка станица на Македонија и Србија во Табановце, и за реализација на договорите за концесија за користење на вода за изградба на мали хидроцентрали.

Според прес- службата, Владата ќе расправа и по дописот на Управата за јавни приходи за состојбата и можностите за наплата на даночен долг на јавното претпријатие „Македонија пат“ и предлог уредбата за изменување на уредбата за спроведување на царинскиот закон.