Распит во Кривичниот суд на шестемина пратеници за собраниските настани

05.12.2017 12:14

Во скопскиот Кривичен суд почна распитот на шестте пратеници за собраниските настани од 27-ми април. Собранието претходно им го одзеде имунитетот...

Во скопскиот Кривичен суд, судии на предходна постапка почнаа со распитот на шестте пратеници за собраниските настани од 27-ми април.

Пратениците Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски денеска дојдоа во Кривичниот суд. Заедно со уште 30 лица, пратениците се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.

Судот постапува откако пристигна известувањето за одлукатата на Собранието, за одземање на имунитетот на народните избраници.

Шестемина пратеници пред судот ги пречекаа и неколкумина нивни колеги од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за да им изразат поддршка.