Дескоска: Готов е новиот Закон за високо образование

05.12.2017 12:58

Една од новините кои се предлагаат е измена во функционирањето на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, односно негово одделување во два органа.

Новиот Закон за високо образование е готов и до крајот на месецов ќе биде ставен на Електронскиот регистар на прописи, ЕНЕР- соопшти министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Министерката истакна дека МОН е задоволно од многу добиени предлози од различни институции - универзитети, студенти и од Професорскиот пленум и дека од сите нив произлегол опшст консензус - дека Одборот за акредитација и евалуација онака како што е сега поставен не дава можност за да се посвети доволно внимание на процесот на евалуација, односно мерење на квалитетот, туку повеќе е фокусиран на процесот на акредитација.

Текстот кој ќе биде ставен на јавна дебата ќе содржи два органа кои меѓу себе ќе се контролираат, но и ќе се надополнуваат - посебен орган за акредитација и посебен орган за евалуација на квалитетот на високото обрзование, рече министерката за образование и наука.