Судењето за случајот „Тотал“ продолжува на 7-ми декември

05.12.2017 14:14

Во скопскиот Кривичен суд првото рочиште за случајот „Тотал“, што го отвори СЈО. За затајување данок е обвинето едно лице, управител на неколку компании за маркетинг и консултантски услуги. Тој е обвинет дека во периодот од 2008-ма до 2015-та година избегнал плаќање данок во вредност од 180 илјади евра. Следното рочиште е закажано за в четврток...

Драган Павловиќ- Латас не определил претставници кои ќе ги застапуваат двете негови фирми во процесот во кој е обвинет. Ова е една од причините за одложување на главната расправа за случајот „Тотал“. Судот го поучи дека застапници може да бидат и неговите адвокати и дека ако не назначи други луѓе од доверба, судот ќе определи по службена должност. Обвинетиот изјави дека ова е брутален старт на процесот.

Латас побара прислушуваните материјали да не бидат дел од доказите, затоа што како што рече, овие снимки не се споменувале во обвинението. Рече дека судот има двојни аршини и на премиерот Заев, под исти околности му била дозволена жалба, а нему му било ускратено ова право.

Обвинителството пак смета дека снимките треба да бидат вреднувани како доказ.

На рочиштето не дојде ниту управителот на третата обвинета фирма. Се извинил дека има работни обврски. На Драган Павловиќ- Латас му се суди за даночно затајување, за кое, како што појасни судијката, му се заканува казна затвор од четири години.

Латас заедно со трите фирми, се товари дека со лажни податоци избегнал плаќање на данок со што бил оштетен Буџетот за повеќе од 120 илјади евра.

 

Анита Димитријевска