Тилерсон на дводневен состанок на НАТО

05.12.2017 14:36

За генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, средбата е подготовка за состанокот на НАТО закажан за идната година во Брисел...

Соработката со Европската унија, Корејската криза и тероризмот, се дел од темите на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел. На самитот присуствува и американскиот државен секретар Тилерсон, кој е во неколкудневна европска турнеја.

За генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, средбата е подготовка за состанокот на НАТО закажан за идната година во Брисел. Најави распоредување на уште најмалку три илјади војници во Авганистан, како и интензивирање на соработката со Јордан и со Тунис во борбата против тероризмот.