ДИК на јавнa седница расправа за бонусите

05.12.2017 14:39

Вчера американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли посочи дека во членовите на највисокото изборно тело си поделиле бонуси од четири просечни плати за изборите.

На јавна седница, членовите на Државната изборна комисија расправаат за предлог-одлуката за отповикување на донесените решенија за определување надоместок за членовите и за вработените во стручната служба за спроведените избори.

Вчера американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли посочи дека во членовите на највисокото изборно тело си поделиле бонуси од четири просечни плати за изборите. Иако е тоа можеби легално, смета дека одлуката треба да биде транспарентна.

Членовите на Комисија и вработените имаат право на надоместоци, реагираа од Комисијата за изнесениот став на амбасадорот Бејли, додавајќи дека од распишување до завршување на изборите ДИК е во постојано заседание, континуирано, без оглед на неработните денови и празниците, и работниот ден најчесто трае повеќе од 20 часа.